We are using cookies on this website. A few are essential, some are optional.
Please accept our cookies.
Добредојдовте во алатката за Дијагностика на капацитетите за почитување на човековите права (ДКПЧР) - кратко самооценување на менаџерските капацитети на вашата компанија да ги почитува човековите права и да спроведува континуирана претходна проверка. Доколку сте запознаени со алатката и сакате веднаш да започнете, кликнете на копчето подолу. Доколку ја користите алатката за првпат, ве молиме да ги прочитате следните воведни информации.
Што е ДКПЧР и зошто треба да ја користите?
Алатката за Дијагностика на капацитетите за почитување на човековите права (ДКПЧР) има за цел да ви помогне да ги оцените и подобрите менаџерските капацитети на вашата компанија да го идентификува и да управува со својот потенцијал и неговото реално влијание врз човековите права .
Користењето на ДКПЧР може да ви помогне да:
ДКПЧР (претходно Инструмент за оценување на организациските капацитети, ИООК) е алатка развиена од twentyfifty ltd, компанија за консултантски услуги во областа на менаџментот, врз основа на нивното долгогодишно искуство во обезбедување поддршка на водечки мултинационални компании во спроведувањето претходна проверка за човековите права. Таа исто така се надоврзува на работата со Групата за учење од соработниците во областа на бизнис и човекови права на Германската мрежа за глобалниот договор. Нејзиниот развој е финансиран од германското сојузно Министерство за економска соработка и развој.
ДКПЧР е инструмент за самооценување со 23 прашања насочени кон главните елементи на корпоративната одговорност за почитување на човековите права како што е наведено во Водечките принципи на ОН. Корпоративната одговорност за почитување е глобален стандард на очекувано однесување на сите компании без оглед на нивната големина или каде работат. Исполнувањето на ова основно општествено очекување бара вградување на почитувањето на човековите права во соодветни политики и структури, претходни проверки и процеси на ремедијација. Дијагностиката на капацитетите за почитување на човековите права може да се користи за да укаже дали се врши вградување и какви дополнителни чекори треба да се преземат за тоа да се зајакне.
Прашањата во ДКПЧР се поделени на пет дела: заложби од политиката, проценка на ризици и влијанија, интегрирање и вградување на почитувањето на човековите права, следење и соопштување на резултатите и жалби и правни лекови.
При пополнувањето на ДКПЧР ќе оцените каков е статусот на вашата компанија во рамките на спектарот од “Не-реактивен” до “Покажување лидерство”:
Не-реактивен |
Нема
формални заложби или активности за претходна проверка за човекови права.
Ад-хок, површен ангажман кога проблемите ќе станат јавни. ... |
Реактивен |
Постои
формална заложба од политиката за почитување на човековите права. Доминантната
логика е избегнување на репутациски ризици за компанијата. ... |
Ефикасно управување |
Разбирање
на најважни
прашања поврзани со човековите права и како постојните процеси на управување ги
решаваат таквите проблеми. Интегрирање на одредени елементи поврзани со
човековите права во постојните системи и процеси. ... |
Проактивно експериментирање |
Менаџерскиот
тим е заинтересиран и дава поддршка за проактивна претходна проверка. Има
примери за иновативни иницијативи или проекти во компанијата за проактивно
идентификување и решавање на влијанијата
врз човековите права или дилемите. ... |
Стратешка интеграција |
Континуираните
процеси
на претходна проверка се интегрирани и во менаџерските практики на локално ниво. Акцентот
е ставен на градење капацитети ширум организацијата и на континуирано
подобрување. ... |
Покажување лидерство |
Вниманието
е ставено на културата на почитување на човековите права во и надвор од
компанијата и, вон нивните директни деловни односи. ... |
За секое прашање даден е краток опис за тоа како изгледа корпоративната практика според различните нивоа со цел да ви помогне да процените кое ниво најблиску го опишува сегашниот менаџерски капацитет на вашата компанија. Исто така, можете да одлучите кое е вашето посакувано ниво. Разликата помеѓу тоа каде вашата компанија се наоѓа во моментов и каде сакате да биде во иднина е патувањето коешто треба да го поминете да го остварите тоа.
Пополнувањето на прашалникот ви дава јасен преглед на вашите тековни капацитети и аспирации кои можете да го користат за дополнително да ја подигнете свесноста и да развиете стратегија во рамките на компанијата. Иако во дијагностиката е дадена прогресија од „Не-реактивен” кон “Демонстрирање лидерство“, намерата не е да сугерира дека е потребно сите компании да достигнат напредни нивоа на менаџерски капацитети. Како компаниите ги исполнуваат нивните обврски за почитување на човековите права ќе се разликува во зависност од нивниот оперативен контекст, големината, секторот и нивниот конкретен профил на ризик по човекови права. Дел од оваа алатка за дијагностика е да ви овозможи да дефинирате што вие сметате дека е соодветно со оглед на профилот на вашата компанија.
Описите на нивоата нема совршено да одговараат на конкретната ситуација во вашата компанија. Кога ќе одговарате на прашањата, ве молиме да го изберете нивото коешто сметате дека најмногу одговара на статусот на вашата компанија. Иако нема строго линеарна прогресија од едно ниво кон друго, повисоките нивоа обично го вклучуваат тоа што е применливо на претходите нивоа и додаваат различни аспекти по коишто може да се разликува една понапредна програма за претходна проверка.
По завршувањето на дијагностиката, ќе добиете краток извештај со анализа. Извештајот ќе биде прилагоден на вашето сегашно ниво на менаџерски капацитети и:
При користењето на алатката, можете да најдете објаснување и повеќе информации за бизнисите и човековите права, претходна проверка за човекови права и добри практики со кликање на овие зборови.
За повеќе информации за тоа како да ја користите ДКПЧР и како инструментот беше развиен ве молиме да погледнете го Делот со прашања и одговори.
Дијагностика на капацитетите за почитување на човековите права е бесплатен инструмент за самооценување. Ве молиме прочитајте ги условите за користење наведени подолу. Со пристапување кон оценување се согласувате со условите.
One fine body…